Лекциите стануваат игра

Учење дома, самостојно или со родителот

Мисии за детето, според распоредот на часови

Детето дома ја повторува лекцијата што ја учи на час, како мисија во неколку нивоа. Детето добива помош чекор по чекор, со насоки што го поттикнуваат самостојно да дојде до одговорот. Родителот ја отвора корисничката сметка, ги избира интересите и времето за учење и има увид во напредокот и совладаните содржини.

  • Лекциите според распоредот на часови
  • Секоја мисија трае 15 до 20 минути
  • Бесплатно за учениците вклучени во пилот-периодот

Како изгледа една мисија

Лекцијата е претставена како приказна со јасна цел, во форма на игра. Детето решава задачи и чекор по чекор стигнува до целта. Секоја задача е поврзана со наставната програма, а знаењето се стекнува преку разбирање, истражување и самостојно доаѓање до решенијата.

  1. 1

    Мисија

    Проблем и цел: поштарот треба да ги разнесе писмата низ општината, во долината се гради ново училиште, а планинарите чекаат прогноза за излетот. Детето ги открива задачите и ги поминува нивоата по ред, чекор по чекор, за да ја заврши мисијата.

  2. 2

    Нивоа

    Од две до четири нивоа, секое со кратко истражување во сцената, проследено со две до три поврзани задачи. Задачите се надоврзуваат една на друга, ги користат истите предмети и броеви и постепено стануваат посложени.

  3. 3

    Награда

    Со завршено ниво, местото што детето го поправа оживува. Кога лекцијата има инструмент од учебникот, како термометар или аголник, детето го добива како награда и во следните нивоа само избира кој инструмент му треба за задачата.

  4. 4

    Предизвик

    Завршни задачи што треба да ги реши самостојно, без помош. Со успешно решавање на задачите детето покажува дека го разбрало наученото и ја завршува мисијата.

Скала на помош

Во примерот детето го запишува бројот на тетратки во камионот, 6 082, со картите со цифри. Помошта оди чекор по чекор и никогаш не почнува со одговорот.

  1. ! Позната грешка: нулата на крај, 6 820 наместо 6 082
  2. 1 Прашање што го насочува вниманието
  3. 2 Насока кон стратегија
  4. 3 Визуелен, интерактивен модел ако треба
  5. 4 Решен сличен пример, со други броеви ако треба
  6. 5 Чекор по чекор, детето го прави секој чекор ако треба
  7. ✓ Детето само го поправа бројот
  8. → Слична задача без помош: 4 503

По две грешки, приказната се тргнува и останува само чистиот модел.

Интерактивна сцена, а не лист со задачи

Лекцијата се учи во сцена што детето самото ја менува: ги поставува населените места во општината, ја следи водата од морето до облакот, ги поместува стрелките на часовникот за да направи агол. Каде што работат рацете, лекцијата е работилница со инструментите од учебникот, а однесувањето меѓу луѓето се учи во ситуација со улоги.

Допир и влечење, а не пишување

Детето не пишува слободен текст. Влече, подредува, сече и мести инструменти со прст. На телефон сцената се гледа дел по дел, а камерата сама оди кон следниот дел, како во игра. Кога детето првпат сретнува некое движење, рака без зборови му покажува како се прави.

Предмет од интересот, кога детето бара

Родителот бира што сака детето: гејминг, спорт, музика и танц, истражување или животни и природа. Ако детето притисне „Покажи ми поинаку“, истата задача се покажува со предмет од тој интерес, на пример терен поделен на еднакви полиња. Без брендови и без вистински тимови.

Денешни лекции, според распоредот

Родителот го внесува распоредот на часови. Детето потврдува која лекција ја учело на час или ја наоѓа според страницата во учебникот. Секоја лекција е мисија од 15 до 20 минути, а дневното време го одредува родителот. На крајот водичот го охрабрува детето да се одмори.

Иста задача, предмет по интерес

Лекцијата е иста за сите деца. Со „Покажи ми поинаку“ задачата се покажува со предмет од интерес што го дозволил родителот: истите еднакви делови, истите броеви и истиот точен одговор. Се менуваат само сликата и името на предметот.

  • Гејминг
  • Спорт
  • Музика и танц
  • Истражување
  • Животни и природа

Задачата во лекцијата

Колачот во тепсијата

Колачот во тепсијата е поделен на 6 еднакви парчиња. Обој 5.

„Покажи ми поинаку“ · спорт

Теренот

Теренот е поделен на 6 еднакви полиња. Обој 5.

Системот избира предмет од интересите што ги дозволил родителот. Предметите ги прегледуваат стручни лица и ги има само таму каде што навистина одговараат. Во помошта, во завршниот предизвик и во тестот задачата е секогаш без предмет од интерес, а по две грешки останува само чистиот модел.

Крајниот резултат е знаење

Проверка на наученото преку тест, колекција на постигнувања и родител што постојано го следи напредокот и успехот на детето.

Проверка на знаењето преку тест

Родителот го избира предметот, една или повеќе лекции и датумот кога ќе се појави тестот. Детето го решава самостојно, без помош и без временско ограничување. Резултатот се прикажува како „X од Y“ за секоја лекција, без оценка. Направените грешки се објаснуваат со зборови, а преку опцијата „Поправи ги грешките“ детето повторно ги решава задачите, овојпат со помош.

Ранецот и „Претходни лекции“

Кога лекцијата има инструмент од учебникот, детето го добива по завршеното ниво. Инструментите се чуваат во ранецот, според лекциите во кои се освоени. Ранецот служи само за собирање и прегледување – без поени за трошење и без споредување со други деца. Во „Претходни лекции“ детето ги гледа започнатите и завршените лекции и секоја може да ја повтори.

Родителот има целосна контрола

Во профилот за родители, заштитен со ПИН, родителот го внесува распоредот, го определува дневното време за учење и одлучува дали лекциите имаат звуци. Секоја недела добива јасен и детален преглед на напредокот: кои содржини детето ги совладало, каде прави грешки и каква помош му е потребна. Дополнително, добива и предлог за активност што може да ја направи заедно со детето, без користење на екран.

Приватност и безбедност на детето

Верзија за учење дома

  • Детето има само прекар. Без име и презиме, без училиште, без слики од детето и без локација.
  • Корисничката сметка ја отвора родителот и го додава детето во својот профил. За детето внесува само име или прекар, а одделението го избира од понудената листа.
  • Нема известувања до детето, ниту реклами или нешто за купување во детскиот дел.

Правилата за безбедност на детето се на почетната страница.

Користење дома и работилници

Пријавете се да бидете дел од пилот-периодот и испробајте ја апликацијата дома. Или вклучете се во работилниците, на кои ќе добиете повеќе информации и почетна обука за нејзино ефективно користење.

Најчесто поставувани прашања

Што е мисија?

Секоја лекција од наставната програма е една мисија: приказна со проблем и јасна цел, составена од две до четири нивоа и завршен предизвик што детето го решава самостојно, без помош. Задачите се надоврзуваат една на друга и се решаваат во интерактивната сцена на лекцијата. Кога лекцијата има инструмент од учебникот, по завршеното ниво детето го добива и го чува во ранецот. Приказната служи само како рамка за учење: целта, задачите и точните одговори произлегуваат од наставната лекција.

Дали детето добива оценки?

Не. Во тестот за проверка што го задава родителот, резултатот е „X од Y“ за секоја лекција, никогаш оценка од 1 до 5. Направените грешки се објаснуваат со зборови, а преку опцијата „Поправи ги грешките“ детето повторно ги решава задачите, овојпат со помош.

Кои податоци се собираат за детето?

Се собираат само: име или прекар, одделение, јазик, кои лекции ги учело на час и податоци за напредокот по наставни теми. Не се бараат целосно име и презиме, фотографии или податоци за локацијата. Родителот има пристап до сите податоци поврзани со профилот на детето.

Кои лекции се достапни?

Првите лекции се за 4. одделение, од математика, природни науки и историја и општество. Новите лекции се додаваат постепено, тема по тема, по преглед од стручни лица.

Дали работи на мобилни уреди?

Да. Се користи на мобилен телефон, таблет или компјутер, со интернет-врска.

Дали се плаќа?

Учеството во пилот-периодот е бесплатно за сите ученици вклучени во него.